Почина најголемата обожавателка на принцот Хари

3 април 2019

На 99 годишна возраст, само неколку дена откако го прослави нејзиниот роденден, почина најголемата обожавателка на принцот Хари, прекрасната Дафне Дан.

Инаку, на денот на роденденот принцот Хари и Меган ѝ испратија роденденска честитка, а истата таа ја прочита во болничкиот кревет посреќна и попозитивна од кога и да е.

Нејзиното семејство ја сподели тажната вест на Инстаграм, посочувајќи дека таа починала мирно во болница.

 
 
 
View this post on Instagram

It is with the saddest of hearts that I would like to share the news that our most beloved mum and nanna, Daphne Dunne, passed away peacefully yesterday morning. She was a truly special lady who will be greatly missed by so many. The simple act of stoping Daphne in the street and holding her hand meant more to Daphne than anyone could ever imagine. We, her family, would like to thank everyone for the love and support they showed Daphne. She spent a large part of her life representing the women of the Australian Army and her two husbands Lt. Albert Crowne VC MM and John Patrick Dunne, ensuring that their service to Australia was never forgotten. It is fitting that Daphne passed away on the first of April as it is a month of renewal, remembrance and reunification with her loved ones that passed before her. We love you mum/nanna/Daphne, always and forever.

A post shared by Daphne Dunne (@daphne_dunne) onApr 1, 2019 at 10:35pm PDT

Во текот на годините, Хари и Дафне изградија прекрасна врска на која никој не можеше да остане рамодушен.

Инаку, Дафне е со потекло од Австралија, па секогаш кога принцот беше во посета на земјата, таа со нетрпение го пречекуваше на сите настани, а тој секогаш успеваше да најде време и да поразговара со неа.

getty images

Првично, тие се сретнале во 2015 – тата кога и настана популарната фотографија на која Дафне го бакнува принцот во образ.

pool getty images

Тие повторно се сретнаа во 2017 – тата кога ниту времето не ја спречи да го чека неколку часа на дождот, а веднаш по пристигнувањето, Хари ја препозна и одвои неколку минути да поразговара со неа.

pool getty images

Во октомври 2018 – тата, Хари ја запозна Дафне со Меган и тоа беше навистина прекрасен и значаен момент за емотивната Дафне.

getty images

„Многу ми е драго што ве запознав“, рече Меган во моментот кога ја здогледа Дафне во публиката.

„Можам ли да Ви честитам?“, ја праша Дафне Меган мислејќи на новостите за бебето.

„Ви благодарам, ова е многу возбудливо за нас“, рече Меган.

„Ова е навистина прекрасно. Ова е тоа што му требаше на Хари“, заврши Дафне и доби громогласен аплауз.

Инфо и фото: Harper's Bazaar

Објавено:
3 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
389 пати