Поранешната Мис Универзум и познат модел, Оливија Кулпо е дефинитивно една од најубавите жени на светот која речиси секојдневно објавува фотографии од нејзиниот живот на социјалните мрежи.
Иако на фотографиите секогаш изгледа совршено, деновиве таа ги изненади обожавателите со една објава во која беше поискрена од кога и да е.
Во истата постираше две фотографии на кои како и секогаш изгледа одлично, но со искрена изјава под истите која ги натера сите на размислување.
На првата фотографија таа изгледа сосема здраво и свежо, додека на втората, зад впечатливата шминка го крие она што многумина не го знаеле.
„Немав апетит, премногу пиев, пушев, не можев да спијам и да јадам, но и понатаму се фотографирав за да можам да постирам објави на Инстаграм. Се преправав дека сè е совршено. Поминував низ многу тежок период кој ме испразни и физички и емоционално, а тоа се забележуваше и по мене. Чувствувам потреба да им кажам на сите оние кои поминуваат низ тежок период дека понекогаш е во ред да не си во ред“, напиша поранешната мисица на Инстаграм.
Овие две фотографии таа ги објавила сè со цел да им покаже на сите нејзини фанови дека работите не секогаш се толку совршени како што тоа изгледа на Инстаграм.
„Уште еднаш ќе го кажам јавно она што сите го знаат: Инстаграм е најдобра верзија од нас и нашите животи. Може да нè доведе до заблуда дека сè е совршено во другиот свет, но тоа е далеку од вистината. Ние сме многу повеќе слични одошто мислиме, низ животот поминуваме низ подеми и падови, добри и лоши времиња. Никогаш не знаеме кој низ што поминува, па не е фер да му судиме на било кој и да се споредуваме“, напишаа таа во објавата на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа додава и дека социјалните медиуми можат да му наметнат секому сериозен притисок за да ги задоволат идеалите кои впрочем и не постојат.
„Тешки моменти им се случуваат на сите, а најважно е да бидеме трпеливи и да продолжиме да чекориме знаејќи дека сето тоа ќе помине. Ниту еден филтер не може да ги тргне подемите и падовите што сите ги имаме во животот. Нашите несовршености и тешкотии нè поврзуваат и нè водат низ ова патување наречено живот“, вели манекенката во објавата.
Инфо и фото: tportal.hr