Велат дека Иванка Трамп е омиленото дете на Доналд. Родена е три години после Доналд Џуниор, на денешен ден во 1981 година.
Важи за успешна деловна жена, а во медиумите своевремено имаше гласини дека Доналд повеќе го слуша нејзиниот глас и мислење отколку она на Меланија.
Таа е потпретседателка на „The Trump Organization“ и преку оваа функција во многу сегменти ја помага работата на својот татко.
Пред да почне да се занимава со бизнис дејности, таа беше позната и во модниот свет и работеше како модел.
Мајка е на три деца, изгледа беспрекорно и со своите 180 сантиметри е претставителна згодна жена. Токму нејзината висина и складни пропорции овозможуваат да може да носи што ќе посака. И покрај тоа што владее мислење дека високите жени не сакаат да носат високи потпетици, таа ги носи речиси на сите јавни појавувања и ретко може да се види во патики или балетанки.
Нејзиниот стил е класичен и елегантен, а ние издвоивме 40 комбинации кои би ги носеле и кои можат да послужат како инспирација за сите што се пронаоѓаат во нејзината модна естетика:
Кошула-фустан + ремен
црн мини фустан со дискретна текстура
здолниште со принт + црна ролка + бело палто
свилени панталони со широки ногавици и висок струк + бела маичка
црни тесни панталони + црвен топ со впечатлив грб
црна едноставна блуза + плисирано шарено здолниште
свилен фустан на преклоп и ремен
тесен фустан на прерамки со карнер
шарен миди фустан со пуфнасти ракави + ремен во панделка од кадифе
мини фустан со впечатлив принт
бел долг фустан, асиметричен во горниот дел
широк кошула фустан со нагласени ракави и вез
комплет од џинс и тантела
црн долг фустан со голи раменици
долг фустан со набори и широко здолниште + наметка која се врзува во панделка + ремен
Мантил во горниот дел кариран во долнипт беж
комбинезон со пепито дезен и украсни копчиња
фустан со раскошно здолниште и тенок ремен
кариран капут + ролка + панталони + ремен
миди фустан со цветен вез
комбинезон со ремен и ревери
одело со ремен кој се врзува во панделка во впечатлива боја
тесно миди здолниште + маица
џинс + ролка со кратки + балетанки
беж комбинација од глава до петици (одело + блуза + капут)
одело од твид + кошула + тенок ремен
кошула-фустан + ремен
плисирано здолниште + плетена ролка
тесно здолниште со принт + плетена ролка
свилен фустан со ролка
панталони со висок струк + кошула со принт која се врзува во панделка
комплет со здолниште + ролка + марама
здолниште со принт + црна блуза
фустан со нагласени раменици, набор во половината и здолниште на преклоп
црни панталони+ ролка + беж капут
елегантен фустан со набори во минт нијанса
панталони + блуза + син капут
фустан-мантил + ремен
ролка + здолниште со апликации