Едиторијал инспириран од неверојатните „Дафт Панк“

16 октомври 2013

Шпанското издание на магазинот Fu***** Young! се одлучи на многу ироничен начин да си поигра со моменталната популарност на бендот „Дафт Панк“ и многубројните едиторијали што неодамна ги направија со познати манекенки.

Фотографот Лука Финоти направи одлична фотосесија со моделите Стефан Кнежевиќ и Јошка Нец кои изгледаат одлично во супер стилизирани парчиња и кациги со многу интересен дизајн.

Едиторијалот нормално, е наречен „Дафт Панк“, а во истиот можат да се видат супер машки комбинации со парчиња од Том Браун, Долче и Габана, Москино и Крис Ван Аше.

Со овој едиторијал, магазинот го постигна токму она што го сакаше – сите да се заинтересираат за тоа како моделите навистина изгледаат.

Бендот „Дафт Панк“ е француско електронско музичко дуо активно од 1993 година. Во истото членови се Гај Мануел де Хомем – Христо и Томас Бангалтер. Тие ја постигнаа својата најголема популарност во доцните 90 – ти, по што континуирано продолжија со своите успеси.

Она што е најинтересно поврзано со нив, е тоа што тие многу ретко се појавуваат на телевизија и даваат интервјуа, и секогаш задолжително во јавност се појавуваат со нивните кациги претставувајќи ги според нив, луѓето – роботи.

Но, она што тие дефинитивно не го одбиваат се фотосесиите со прекрасни модели како Карли Клос и Мила Јовович.

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Актуел