Викенд рецепт: Лепче со зачини

6 ноември 2020

Нема ништо поубаво од топло лепче на студено време. Ако сте од оние што го делат ова наше чувство, најдовме еден фин рецепт, идеален за викендов да се почестите.

Лепче со зачини, а го најдовме на блогот на @pomojvkus.

Ви го пренесуваме во продолжение:

Потребни сосотјки:

500 гр брашно
300 мл млеко
50 мл масло
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажица сол
2 јајца
80 гр путер
Билки де Прованс (босилек, оригано, мајчина душичка, рузмарин, мудрец и марџорам...)

-Активирајте го сувиот квасец со една лажичка шеќер и 100 мл млеко. Оставете да надојде 15-тина минути па додадете го во брашното, заедно со солта, јајцето, зејтинот и преостанатиот дел од млекото. Замесете меко тесто, и оставете да стасува околу 1 час.

-Префрлете го тестото на побрашнета површина и расукајте кора со дебелина од околу 5мм. Премачкајте ја со путер и ставете од сувите билки.

-Исечете ја кората по должина на 5-6 делови, и наредете ги лентичките во купче една врз друга. Потоа купчето исечете го на правоаголници и наредете ги во правоаголен огноотпорен сад обложен со хартија за печење. Оставете 20 минути да надојде, премачкајте со јајце и ставете на печење на 200С, 30 – 40 минути.

Можете да го комбинирате со што и да посакате.

Добар апетит!
.

Објавено:
6 ноември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
670 пати