Доколку имате уште многу велигденски јајца и сакате побрзо да ги потрошите, но освен салата „Мимоза“ друго не ви текнува, ние пронајдовме неколку интересни предлози.
Ги најдовме кај македонските блогери за храна, вкусни и лесни за да се направат. Дури и да ви е здосадено од јајца, во овие нови варијанти ќе ви отворат нов апетит.
Погледнете ги предлозите во продолжение:
Брза крем салата со кус-кус, цвекло и пченка
View this post on Instagram
Потребни состојки:
6 варени јајца, исечкани
1 тегличка пченка
1 1 тегличка цвекло
250 г сварен кус-кус
4-5 лажици мајонез
1 мала тегличка намаз од билки
сол и мелен црн пипер по вкус
Сите состојки ставете ги во длабок сад и промешајте со помош на голема лажица додека не добиете изедначена крем салата.
Крем салата со сенф
View this post on Instagram
Потребно:
6 варени јајца
200 г кашкавал, исечкан на коцки
170 г грашок од конзерва
3 лажици мајонез
1 лажичка сенф
Сол и мелен црн пипер по вкус
Свежо исечкани магдонос, власец и копар ( може и суви или и без нив)
Промешајте ги сите состојки во длабок сад и послужете.
Енергетска салата
View this post on Instagram
Потребно:
САЛАТА
1 марула
1 пилешки стек
1/2 краставица
4 тврдо варени јајца
10 шери домати
1 авокадо
1/2 кутија сино сирење
6 парчиња печена сланина
СОС
30 мл вински оцет
1 лажица дижон сенф
30 мл маслиново масло
1,5 лажичка шеќер
2 чешниња лук
1 лажичка свежо оригано
Сол и бибер
Состојките се мешаат и зачинуваат.
Солени бомбици со варени јајца и куркума
View this post on Instagram
Состојки
120 гр путер
250 гр урда
100 гр сирење
1 лажичка куркума
100 гр чадени пилешки гради
4 варени јајца
Подготовка
1. Омекнатиот путер го матиме пенасто.
2. Додаваме урда, рендано сирење, куркума, сечкани пилешки гради, ренданите јајца и соединуваме.
3. Формираме топчиња со големина по желба и ги одложуваме во фрижидер да се стегнат и соединат вкусовите.
Може да ги валкате во сечкан магдонос, кашкавал, лебни трошки или по желба.
Полнето лепче со јајца
View this post on Instagram
Потребно:
310 g брашно (јас измешав сенаменско, бело тип 400 и интегрално 'ржано)
½ лажиче сол
¾ лажиче шеќер
1 една кесичка сув квасец, 7 g
50 ml топла вода
170 ml јогурт
2 лажици маслиново масло
Растворете ги квасецот и шеќерот во топлата вода и оставете ги на страна неколку минути.
Во вангла измешајте го брашното со солта, па додајте ги јогуртот, маслиновото масло и квасецот и соединете ги во тесто. јас го месев тестото прво со миксер, па со рака, додека не станe мазно.
Премачкајте ја топката тесто со маслиново масло и оставете ја во ванглата покриена со крпа, на топло, околу 2 часа, да нарасне дупло. Потоа на побрашнета површина развлечете го тестото во форма на правоаголник и на него наредете ги работите од филот. јас го наполнив со сланина, срирача (лут сос од пиперки), рендан кашкавал, варени јајца, маслинки и домашен кечап. Префрлете го едниот крај од тестото преку филот и спојте го со другиот. Притиснете да се залепи. Внимателно свиткајте го лепчето во форма на ѓеврек и спојте ги краевите.
Ставете го лепчето во тавче врз хартија за печење и оставете го да стои додека рерната се загрева на 180°C. Печете го лепчето околу 25 – 35 минути, додека не се зарумени по површината. Оставете го малку да се олади и послужете го топло.
Салата со варени јајца и песто
Потребно:
500 гр. нелупени варени компири, 3 варени јајца, 6-7 кисели краставички, 2 лажици песто од босилек, 1 лажичка власец, 1 лажица свеж магдонос, 1 лажиче лут буковец, 50 гр. путер, 100 мл. маслиново масло, 60 мл. јаболков оцет, 2 лажици сок од лимон, сол, шарен бибер
Подготовка:
Компирите се лупат и се сечат на крупни коцки. Во сад на оган се става путерот да се растопи и на него се пропржува компирот, а потоа се трга од оган и се остава малку да се излади.
За тоа време се сечат киселите кратсавички на ситни коцки, а варените јајца на крупни парчиња. Во сад за сервирање се ставаат топлиот компир и киселите краставички. Се посолува, побиберува, се додава лут буковец и добро се промешува.
Потоа се додаваат парчињата варени јајца, власецот и сечкан свеж магдонос. Салатата се зачинува со дресинг од маслиново масло, јаболков оцет, сок од лимон, сол и шарен бибер и нежно се промешува.
Врз готовата салата се распоредува пестото од босилек. Оваа салата може да ја направите и со печени ситни млади компири кои не мора да се лупат.
Полнет месен ролат со варени јајца
View this post on Instagram
Состојки:
800 гр мелено месо
1 кромид
1 јајце
3 лажици презла (или 3 кришки леб натопени во вода, па исцедени)
сол, црн бибер, вегета
масло за подмачкување
5 варени јајца
Се соединуваат сите состојки (освен варените јајца) во сад. Кога ќе се добие хомогена смеса, се остава во фрижидер барем половина час.
После тоа, најлонска стреч фолија се подмачкува со масло и врз неа се расплескува месото како кора. Долж едниот крај се редат јајцата и со помош на фолијата се витка ролат. Се преместува во тавче, одозгора се попрскува со малу масло. Во празните страни од тавчето додадете исецкан компир и печете го заедно, во загреана рерна на 180-200 степени, 40+ минути. Пријатно!