39 модни погодоци на Ен Хатавеј

12 ноември 2020

Ен Хатавеј светската популарност ја стекна благодарение на хит остварувањето „Ѓаволот носи Прада“. Остварувањата пред ова, кои беа најчесто семејни и наменети за помладата публика ѝ помогнаа да го пласира својот талент, но оние пак после ова, да го покаже сиот свој раскошен талент. За улогата во „Клетници“ освои и Оскар за најдобра споредна улога. Сега пак, актуелна е со римејкот на филмот „Вештерки“, каде покажа неверојатна трансформација.

Но, тој потенцијал за трансформирање го прикажуваше и преку стилот, токму затоа и не би можеле да го опишеме со еден збор. Понекогаш совршена во минималистичка комбинација, понекогаш доминира во одела, додека пак друг пат сме ја гледале и во впечатливи еклектични комбинации.

Посебно е позната по трансформациите што ги прави со косата - од раскошно долга, до кратката „пикси“ фризура и сите одлично ѝ прилегаат. Во себе носи некоја ренесансна убавина, но и сексапил. На многумина им беше интересен податокот дека нејзиниот сопруг многу наликува на Вилијам Шекспир, додека пак таа го дели името и презимето со сопругата на познатиот писател.

Инаку, Ен има уште двајца браќа, а како дете учела во католичко училиште. Но, кога таа имала 15 години, еден од браќата му признал на семејството дека е хомосексуалец. Тогаш Ен ја напушта католичката вера, бидејќи, како што ќе изјави во една пригода, не може да ја поддржи верата која не го поддржува нејзиниот брат.

Неодамна го роди своето второ дете, а дури и во бременоста покажа смелост во комбинациите, но и модна зрелост.

Ние одбравме 39 нејзини модни изданија кога буквално блесна и воедно преку кои ја покажа таа моќ за трансформација или прилагодливост за кои зборуваме.

Погледнете:

Креација на Версаче

Кошула од No.21 blouse и „Марни“ панталони

 

Објавено:
12 ноември 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
921 пати
Тагови: 
Ен Хатавеј