Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние ја започнуваме со стајлинг токму со деловна нота.

Нашиот предлог овој понеделник е одело од кариран штоф во сиви нијанси, во комбинација со плетена ролка во интензивна розова нијанса.

Контрастот на овие нијаси е фантастичен и ја прави комбинацијата мошне впечатлива.

Чизми до глужд можат да бидат изборот на обувки, а секако додадете и капут кој може да биде еднобоен или пак со дезен кој ќе се вклопи со постоечкиот според тоновите.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.150 пати