Колекција на Манго за мајки и ќерки
•
17 октомври 2013
Шпанскиот моден бренд Манго го претстави лукбукот со моделите од колекцијата која можат да ја носат и малите девојчиња, но и нивните мајки. Или постарите сестри.
Колекцијата се состои од базични парчиња кои секој би требал да ги има во гардероберот како џинс, црни панталони, кожени јакни, како и маици со симпатични принтови и куси топови.
Неодминливи се и обувките. Цените за девојчињата се нешто пониски за разлика од истите за „возрасните“.
Погледнете ја колекцијата.