Тенисерката Наоми Осака е новото заштитно лице на Louis Vuitton

12 јануари 2021

Успехот на младата тенисерка Наоми Осака би можел да се опише како брзо лансирање кон ѕвездите. Откако во 2016 се квалификуваше за Grand Slam турнирот, потребни и’ беа само две години да ги освои US Open и Australia Open. Во 2020, оваа јапонско-американска тенисерка стана најплатената спортистка во светот. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)

 Како нејзината спортска траекторија, подеднакво е фасцинантна и нејзината модна траекторија. Наоми Осака стана вистинска стилска ѕвезда правејќи смели модни избори. Меѓу останатите, нејзиното резиме го вклучува и јапонскиот бренд ADEAM. 

Oд вчера таа официјално стана и заштитно лице за кампањата на луксузната модна куќа Louis Vuitton.

Камппањата се однесува на пролетна колекција за 2021 година, а Наоми Осака позираше пред објективот на креативниот директор на куќата Николас Гескјер. На фоторафијата таа носи разигран минифустан со калеидоскопски мотиви, во смели и јаки бои, какви впрочем и самата обожува. Оваа кампања е само предвесник за убавата соработка која се очекува во иднина.

 
Објавено:
12 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
104 пати