Добро утро. Се надеваме дека не' читате во добро здравје и расположение и ова утро. Нашиот денешен предлог е една полежерна комбинација која може да ви послужи како инспирација за разни пригоди.

Облечете ги омилените фармерки и усогласете ги со едноставна блуза, во случајот е во бела нијанса и долг капут во беж нијанса.

На тоа додадете чизми во слична нијанса, чанта и шапка доколку сте љубител на ваков моден додаток.

Доколку немате беж нијанса, можете да ја направите истата комбинација но во нијансата што вам ви се допаѓа или со која располагате во гардероберот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
26 јануари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
538 пати