Добро утро. Се надеваме дека не' читате и ова утро во добро здравје и расположение.

Овој вторник нашиот предлог е една удобна, а тренди комбинација.

Одберете го вашиот омилен плетен фустан. Во случајов е со миди должина и беж нијанса без ракави, но вие можете да одберете и модел кој е со ракави и во друга боја, зависи со што располагате во гардероберот.

На тоа додадете долга широка кошула. Во конкретниов пример во маслинесто-зелена нијанса.

Изборот на обувки се влечки, но ќе се согласите дека е малку рано за нив, па затоа облечете патики или некои други рамни обувки, или пак чевли ако сакате малку поелегантна нота.

Додадете чанта и дискретен накит и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
13 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
528 пати