Ова е совршениот подарок за „Валентин“!

29 јануари 2021

Велат,  љубовта треба да се слави секојдневно. Тоа што некој мисли на вас и ве сака е скапоцен подарок само по себе. И се согласуваме со тоа. Но, доколку сакате да покажете дополнително внимание за Денот на вљубените и да наздравите за сите убави моменти кои сте ги доживеале и оние што допрва следат, тогаш кликнете на електронската продавница на Елена Лука.

Таму ве чекаат совршени подароци!

Од модната куќа создадоа линија посветена токму на љубовта -  „Elena Luka ♥ you“ во која ќе најдете интересни парчиња совршени за пригодата.

Нашиот фаворит се „љубовните“ брендирани блузони, со апликации на ракавите или со посебна доработка на грбот...

Ако сте по спортската естетика повеќе, тогаш имате и комплет сетови во склад со љубовната тематика, а доколку сакате нешто што можете да го носите во повеќе пригоди, тогаш вашиот избор може да биде некоја од кошулите или маичките.

За што и да се одлучите, ќе биде вистински избор.

„Раскажете различна љубовна приказна со Елена Лука. Откријте го Вашиот нов омилен дизајнерски блузон кој ќе Ве потсетува на убавите моменти поминати со Вашите сакани. Дозволете ни да бидеме дел од Вашата стилска љубовна приказна. Бидете уникатни, бидете смели, бидете романтични“, велат од брендот.

Повеќе информации можете да најдете на онлајн продавницата на Елена Лука, како и showroom во ГТЦ на први кат и населба Аеродром.

Не двоумете се да ѝ овозможите на вашата сакана личност или себеси, уникатен, дизајнерски и внимателно одбран подарок.

Објавено:
29 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
927 пати
Тагови: 
Елена Лука