10 тренди комбинации инспирирани од љубовта кои би сакале да ги имаме во гардероберот

12 февруари 2021

Ако некој месец има своја боја, тоа е  февруари, целосно во знакот на црвената боја. Некој го слави виното, некој љубовта, некој пак двете.

Ние пак, инспирирани од тоа и од кампањата и специјалната линија на домашниот моден бренд Елена Лука - Elena Luka ♥ You посветена токму на овој месец, создадовме комбинации со различен моден сензибилитет кои можат да ви дадат инспирација како да изгледате или што да подарите некому.

Одберете ја својата омилена, нека завладее љубовта и во воздухот, но и во гардероберот :)

 

#1 Црвена кошула со карнери + џинс + впечатливи обетки

Кошула на преклоп е секогаш добредојдена идеја, а оваа со карнери и нагласени ракави е парчето кое може да го најде своето место во секоја сезона. Ние го комбинираме со бели фармерки што ја следат линијата на телото, а висечките обетки во форма на срце се модниот додаток со кој комбинацијата ќе биде уште повпечатлива.

Повеќе инфо: Кошула; Фармерки; Обетки;

 

#2 Ролка + здолниште + хулахопки со срциња + марама

Бела ролка е безвремско парче, а оваа што ние ја одбравме е со мал карнер на ракавите. Ја комбинираме со црно здолниште што лежерно ја следи линијата на телото. Хулахопките со срциња се тематски моден додаток кој совршено може да се вклопи во многу комбинации, а кога сме кај модните додатоци, комбинацијата ја заокружуваме со дизајнерска марама во сина нијанса.

Повеќе инфо:    Ролка; здолниште; хулахопки; марама;

 

#3 Долго кожено здолниште со шлиц + црвен блузон

Кожените парчиња се уште еден од трендовите кои нема скоро да си заминат од модната сцена. Ако сакате повпечатливи прачиња, тогаш ова макси здолниште со висок струк и шлиц во предниот дел може да ви го привлече вниманието. Ние го комбинираме со црвен дуксер со впечатлив детаљ на грбот. Комбинацијата ја заокружуваме со црни чизми до глужд на висока потпетица.

Повеќе инфо: здолниште; блузон; чизми; хулахопки;

 

#4 Краток кардиган + црни кожени панталони + свилен шал

 

Краткиот кардиган е апсолутен хит сезонава, а нашиот избор е овој во бела нијанса со V-израз. Го комбинираме со црни кожени панталони, со ногавици кои се комотни и завршуваат со ластик. Дополнително имаат ластик и на струкот и џебови, со што лесно се прилагодуваат на сечие тело. На крај додаваме дизајнерски свилен шал со срциња, за дополнителна една доза љубов во комбинацијата.

Повеќе инфо: кардиган; кожени панталони; марама

 

#5 Бел блузон + џинс + впечатливи обетки

 

Елена Лука создаде одлична линија блузони со љубовен мотив. Овој пат, нашиот избор е овој на бела основа со розови детали, кој може да го комбинирате и со бел џинс, но и со фармерки во сина нијанса, со поширок крој. На тоа ги додадваме овие поп-арт обетки кои ни се меѓу омилените модни додатоци и кои ќе ја направат комбинацијата уште поинтересна.

Повеќе инфо:  блузон; џинс; обетки

 

#6 Бел миди фустан + црвен капут + елегантни обетки

 

Ако сте љубител на поелегантната естетика, тогаш оваа комбинација ќе ви го прилече внимание. Нашиот избор е овој бел фустан со долги ракави, ролка и миди должина, кој ја следи линијата на телото и ќе ви даде мистериозна доза сексапил, а го комбинираме со црвен капут со ремен и елегантни обетки со бисерно срце.

Повеќе инфо: фустан; капут; обетки

 

#7 Црвени панталони + бела блуза + „чокер“

 

Црвени панталони кои поради финиот материјал и растегливоста ќе ви понудат удобност при носењето, ги комбинраме со бела блуза со откриени раменици. На тоа додаваме нежен, но сепак впечатлив чокер со дискретен приврзок во форма на срце. 

Повеќе инфо: панталони; блуза; чокер

 

#8 Црн плетен фустан + црвен лакиран мантил

 

Плетен фустан е парчето кое апсолутно доминира во зимската сезона. Нашиот избор овој пат е овој модел во црна нијанса, со мини должина, чие здолниште завршува со нежен карнер. Го комбинираме со лакиран мантил во убава црвена нијанса. На ова додадете чизми до глужд или високи, а ние додадовме и дискретни обетки во црна нијанса.

 Повеќе инфо: мантил; фустан; обетки; хулахопки;

 

#9 Комбинезон + впечатливо палто од брокат

 

Постојат парчиња кои се толку впечатливи што ќе бидат одличен избор за многу пригоди. Токму такво е и ова палто од брокат, на црна основа, со црвен дезен. Нашиот предлог за комбинација е комбинезон кој ја следи линијата, но подеднакво добро може да изгледа со здолниште или фустан, панталони.

Повеќе инфо: палто; комбинезон; чизми;

 

#10 Романтична блуза од тантела + одело + чизми до глужд

Секоја жена во гардероберот треба да поседува едно секси и романтично парче, а оваа блуза е токму таква. Ние ја комбинираме со црни панталони со бела лента странично и сако, вие можете да се инспирирате од тоа, а бели чизми до глужд се изборот на обувки кои ќе ја направат комбинацијата уште повпечатлива.

Повеќе инфо: блуза; одело; чизми;

Објавено:
12 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.089 пати