Како да ја направите спалната соба романтична според стилот на декорирање

12 февруари 2021

Вашата спална соба може да биде романтична и без класичните елементи како латици од роза или сатенски чаршави. Всушност, Вашата соба може да ја направите романтична со додавање на неколку детали кои ќе ја направат таква атмосферата, а сепак да се придржите до Вашиот стил на декорирање.

 

За минималистите

Доколку го преферирате минимализмот како естетика стручните лица велат да се потрудите да внесете топлина во просторот. Постои ли нешто поромантично од тоа да се стуткате двајцата под исто ќебе во студена зимска вечер, а се' околу вас да потсетува на топлина?

Тоа ќе го постигнете така што ќе користите различни ткаенини и бои. Не ограничувајте се. На пример, употребете доза кадифе на декоративните перничиња. 

Чувството на интимност можете да го постигнете и со употреба на земјени тонови, како теракота, светлорозова, сива... Тие се секогаш добар и сигурен избор. Но, доколку сакате малку помистична или „пригушена“ атмосфера, а притоа сте смели во декорирањето, употребете темни тонови - потемни завеси или постелнина.

 За оние што преферираат традиционално уредување на домот, скандинавско или бохо естетиката, повеќе интересни совети можете да најдете тука.

Објавено:
12 февруари 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
341 пати