Црвениот килим на отворањето на Волис Аненберг центарот за уметност

19 октомври 2013

Некои од најмоќните имиња од холивудскиот џет – сет се собраа во четвртокот вечерта на отворањето на центарот за уметност на Волис Аненберг во Беверли Хилс. Буквално сите од актери до пејачи изгледаа неверојатно во рамки на настанот на една од најголемите филантропи во светот Волис Аненберг.

Вечерта во своите најубави изданија меѓу другите можеа да се видат и Деми Мур, Шарлиз Терон, Никол Ричи, Кортни Кокс, Џоди Фостер, Гвен Стефани и многу други.

Во текот на вечерата гостите имаа можност да уживаат и во неверојатната ревија на Салваторе Ферагамо и одличните парчиња што тој ги претстави.

По вечерата, сите 1.000 гости имаа можност да уживаат во прекрасната градина со мотиви од Алиса во земјата на чудата и да бидат сведоци на најразличните перформанси на некои од најдобрите уметници во светот.

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Фото галерија