За Либанските дизајнери 2020 година беше посебно тешка. Како пандемијата со Ковид-19 да не беше доволна, па им се случи и катастрофалната експлозија во Бејрут, каде им беа оштетени домовите, односно работните простории.
Сепак, месеци подоцна, и Зухаир Мурад, а сега и Ели Сааб се вратија на модната сцена и ги презентираа есенските колекции.
Сааб во фокусот стави три збора: самодоверба, сила и привлечност.
Црните нијанси доминираат низ колекцијата. Од бохо елементи до совршена елеганција, од кадифе до транспарентни материјали, дизајнерот и овој пат ја става жената во различен контекст.
Комерцијален, но сепак со потребната доза на префинетост, уште еднаш им се приблжи на жените кои предност ѝ даваат на едноставноста, отколку на луксузните тантели.
Сепак, ги спојува сексапилот и романтичноста, карнерите и транспарентните материјали ги комбинриа со кожа - чизми, кожени ракавици, ремени... Панделките се повторно застапени како доминантен тренд, а кога се силуетите во прашање, се движи од оние што на секси начин ја истакнуваат женската линија, до фустани во глох, од затворени парчиња со ролка, до V-израз.
Си игра со Арт Деко стилот, естетиката од 70-тите, естетиката на 80-тите. Се користи со 3Д техники, а нуди и ткаенини со кои како да сака да ја прикаже вибрацијата - на звукот, на движењето, на животот, бидејќи без оглед на тоа што може да ни се случи, животот не застанува.
Во галеријата на почетокот на текстот имате повеќе модели, погледнете ги, па споделете ги со нас вашите впечатоци.