Моќта на оделото: Сопругата на фудбалерот Синиша Михајловиќ во впечатлив црвен стајлинг

11 март 2021

Изминативе денови многу се зборуваше за појавувањето на фудбалските легенди, Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ на италијанскиот музички фестивал „Сан Ремо“.

Сепак, од моден аспект, нам поинтересна ни беше сопругата на Михајловиќ, Аријана.

Таа гордо го придружуваше својот сопруг, а нејзиниот моден избор беше одело во машки крој, со широки ревери со бел паспул и дворедно закопчување.

Убавата русокоса се одлучи за креација на Долче и Габана, а изборот на впечатлива црвена боја ѝ прилега одлична.

Со оглед на смелата нијанса, која не секој би умеел да ја носи, Аријана покажа став и отменост.

Во комбинација со сандали со штрас, како и мала црвена чанта, релаксирано пуштена коса, ова беше вистински моден погодок и инспирација како можете да изгледате и секси и моќно и женствено, а изборот да не е фустан или здолниште.

Интересно е што и нејзиниот сопруг носи одело од истата модна куќа, со сличен крој.

фото: @ariannamihajlovic;

Како ви се допаѓа вам?

Објавено:
11 март 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.137 пати