Брендот UNIQLO направи маици инспирирани од делата на Харуки Мураками

11 март 2021

Јапонската модна куќа UNIQLO одлучи да му оддаде чест на книжевникот Харуки Мураками, создавајќи посебна линија маици инспирирани од неговите дела.

Мураками се прославува во родната Јапонија во текот на 80-тите, кога го објавува романот „Авантура околу овцата“ (1982) „Норвешка шума“ (1987), а во истата деценија почнуваат да се отвораат продавниците на UNIQLO ширум целата земја. 

Сепак, светската популарност ја стекнуваат во 21 век. Делата на Мураками се преведени на 50 јазика, меѓу кои и македонскиот, а спортскиот бренд има продавници во речиси сите делови на светот.

Нивната понуда сега е побогата за маиците, дизајниерани од долгогодишниот соработник и пријател на Мураками - Масару Фуџимото, a инспирирани од романите на авторот „Кафта на брегот“, „1Q84“, но и неговата радио емисија, како и љубовта кон мачките.

Ако сте љубител на ликот и делото на авторот, тогаш ќе сакате да знаете дека маиците ќе бидат достапни за порачка од 15 март на сајтот на модниот бренд, а нивната цена ќе биде 19.9 долари.

Погледнете ги и останатите модели:

 

Објавено:
11 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
443 пати