Модата има свои правила на функционирање, а секое правило има свој исклучок. Но, во последно време изгледа дека има повеќе исклучоци отколку правила - чорапи и сандали, точки во зима и кариран принт во лето, шорцеви и кроп-топ…
Уште еден таков, помалку бизарен но надалеку прифатен тренд се плетенините. Во оптималниот универзум, плетената гардероба е наменета за зимскиот период. Џемпери, шалови, капи, ракавици, фустани, кардигани- парчиња плетена гардероба која се носи кога е ладно.
Но, во овој нов млден универзум во кој живееме, плетените комплети стануваат дел од летната гардероба. За практичноста на плетенини на +40 степени Целзиусови, не коментираме.
Сепак, зависи и од што се направени - дали се користи памук, дали се кончени или од подебел конец - тоа во голема мера ќе придонесе за удобноста кога го носите на високи температури.
На крајот, не е реткост дизајнерите да презентираат вакви парчиња. Томи Хилфигер речиси секоја летна сезона има по некој плетен фустан или комплет.
Ако посакувате да носите нешто вакво, но немате инспирација, дозволете да ве инспирираме во продолжение: