Како да го одберете совршениот модел на блејзер?

17 март 2021

Блејзер, палто, сако - едно од 5-те есенцијaлни парчиња во гардероберот на секоја жена. Знае целосно да го збогати изгледот, врши функција кога е свежо и изгледа одлично. Совршен избор е за кежуал и за формални комбинации, а во продолжение неколку екстра корисни совети како да го одберете и како да го носите блејзерот:

Внимавајте со oversize моделот

Вистина е дека oversize моделите се вистински тренд и си велите, нема каде да згрешите. Но, кога се решавате за oversize модел, треба да внимавате на неколку нешта: не смее да изгледа непропорционално, рабовите на рамениците треба да се во линија со рамениците, а не да паѓаат од страна и ракавите не треба да се предолги. Совршено е ако ги покриваат прстите до половина. Внимавајте и на играта со пропорции. Ако блејзерот има волумен, комбинирајте го со нешто тесно долу - хеланки, фармерки, молив-здолниште.

Која е вистинската величина?

Блејзерот може да биде малку поголем -oversize, но никако не смее да ви биде мал. Тоа значи дека треба да внимавате не ви се куси ракавите и да може уредно да го закопчате. Во ваков случај, откажете се од блејзерот. Оној во вашата вистинска величина, многу поубаво ќе ви стои.

Која е вистинската должина?

Моменталниот тренд е кроп блејзер, што значи дека референтна должина би била до струкот. Но, ако сакате безвременски изглед, барајте блејзер со должина до колковите или оној кој го покрива задникот. Овие две должини одговараат на секое тело и пригода.

Вистинската боја е најчесто црна, но…

Магента, зелена, бела, сива - сите овие опции се ултра модерни и совршен избор за боја на блејзер. Сепак, ако треба со затворени очи да се облечете и да не погрешите, убаво е да имате еден црн блејзер во гардероберот. 

Реверите се многу важни

Честопати потценувани, реверите играат важен дел од изгледот на блејзерот. Широките носат вибрација на на 70-те и моќност, додека потенките, со заоблени рабови се поженствени. 

Објавено:
17 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.961 пати