Од утре официјално започнува пролетта. Инспирирани од убавините на ова годишно време, подготвивме предлог комбинација со парчињата од домашниот бренд Елена Лука, кои се како создадени за првите топли и сончеви пролетни денови.
кошула-фустан: 2.100 денари; кардиган: 1.260 денари; чизми: 2.520 денари; чанта: 900 денари;
Комбинацијата е составена од кошула фустан во розово-бела комбинација. Јаката е украсена со украсни камења, во цветни форми, што го прават парчето уште повпечатливо и попривлечно. Одлично стои и со фармерки или хеланки.
Ние го искомбиниравме со краток бел кардиган.
Додадовме ремен-чанта, а комбинацијата ја заокруживме со високи чизми во розова нијанса.
Тренди, нежно, пролетно!
Комбинацијата е достапна на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продавниците во ГТЦ, на првиот кат и во населба Аеродром.
Пролетта може да почне! :)