40 пати кога Сара Џесика Паркер била вистинска модна инспирација

25 март 2022

Стилот на Сара Џесика Паркер може да ви се допаѓа или не, но она што никој не може да го каже е дека е здодевен!

Таа е кралица на еклектизмот, одлично знае да спои принтови и бои, па не случајно важи за една од најдобро облечените и жени со автентичен стил.

Дури и кога носи едноставен црн фустан да речеме, го носи на начин што веднаш ќе го забележите - или ќе додаде впечатливи чевли (што во нејзиниот случај се must have)  или пак масивен ѓердан, чанта во некоја интензивна боја...

Доколку креацијата е еднобојна, тогаш пак е со интересен крој - може да се тоа волуменозни ракави или пак екстремно широко здолниште, или да вклучува набори...

Не експериментира многу со фризурата или шминката, секогаш се природни и лежерни и така дозволуваат облеката да дојде до израз.

Но, она што е многу важно е што, и покрај тоа што носи впечатливи парчиња - таа ги носи нив и не дозволува да издоминираат.

Има став и начин на движење кој е препознатлив. На крајот, поради таа модна смелост, често била и пред времето и поставувала нови стандарди. Денеска ѕвездата на „Сексот и градот“, го слави 57-от роденден.

Инспирирани токму од оваа нејзина модна приказна, одбравме 40 фотографии од нејзини појавувања - јавни и приватни - со модни комбинации кои навистина се инспирација за многу пригоди:

 

Објавено:
25 март 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.156 пати