Proffee coffee - Ново популарно кафе за оние што вежбаат
•
26 март 2021
Некои велат дека новиот тренд на кафе на социјалните мрежи успеал да го симне „Далгона“ кафето од врвот.
Се работи за „Профи-кофи“ (Proffee coffee), односно протеинско кафе, кое прво ја стекна популарноста на „Тик Ток“.
Тие што ја пробале оваа верзија на кафето, велат дека не само што е вкусно, туку е одличен напиток за оние што редовно вежбаат.
Како да го направите?
Мошне едноставно - наместо кафето да го помешате со млеко, додајте протеински напиток. А потоа, додајте и неколку коцки мраз.
Ова кафе ќе ви даде и енергија, а ќе ве воодушеви и миксот на кофеин и протеин.
Кој протеински напиток да го одберете - кој сакате - со вкус на какао, банана, кокос...
На крај, ако сакате, додајте малку засладувач (ако користите) или малку млеко за кафе.