За добро (расонето) утро со колегите: Топ три рецепти со кафе

12 јули 2021

Да ја започнеме неделата со поинакво, но не помалку вкусно кафе, ма да е супер и за било кој друг ден во неделата. 

Температурите се високи, а со овие рецепти со кафе ќе се освежите, но ќе ја добиете ипотребната доза кофеин за да се расоните. 

Во продолжение ви откриваме неколку идеи што се супер ако имате колеги кои би сакале да го пробаат нешто понакво. 

Кафе-сладолед

Подгответе инстант кафе (за што ви е потребно само инстант кафе и вода) и доколку имате на работа ладилник, ставете го кафето во калапи за мраз или пак во калапи за сладолед, па дури и пластични чашки од кои и пиете кафе на работа. Оставете го минимум 20-тина минути да се стегне, а можете да додадете малку чоколадо, или млеко, крем...

 

Eспресо тоник-кафе

Чашата во која најчесто си правите кафе, до половина наполнете ја со минерална вода, а потоа додадете мраз. На крајот, додадете и филџан еспресо и ќе добиете еден сосема нов вкус. Ако сте љубител на кафе и кисела вода, тогаш ова ќе ви биде идеален спој.

 

 Ладно кафе со кокосово млеко

Во чаша ставете еспресо кафе (капсула или од лименка, ако немате еспресо заменете со тоа што имате), малку жешка вода и малку шеќер. Матете со маталката за кафе додека не се добие лесна и пенеста структура. Изматеното кафе (како слатка павлака кога матите) истурете го во чаша во која претхдно сте ставиле мраз и кокосово млеко. Додадете сламка и уживајте во утрото.

 

Бонус:

Коцки мраз од кафе или до млеко

Ако преферирате повеќе кафе, а помалку млеко, тогаш направете ја верзијата со коцки од млеко. Во калап за мраз ставете слатка павлака, кокосово или обично млеко. Ако сакате да е благо, додадете и малку шеќер и оставете во замрзнувач да се стегнат. Потоа додадете ги во кафето кое вообичаено си го пиете. 

Од друга страна пак, доколку преферирате повеќе млеко отколку кафе, замрзнатите коцки кафе направете ги така што во калапите ќе ставите инстант (или друго кафе по желба) и ќе оставите да се оформат на студот. Потоа додајте ги во чашата млеко.

Овој пат наместо да замрзнете кафе, во калапи за мраз ставете слатка павлака или млеко. По желба, може да додадете малку шеќер или зачин како цимет.

 

 

Објавено:
12 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.446 пати
Тагови: 
кафе колеги