Прекрасни: Везени килими претворени во модни парчиња

5 април 2021

Ако работите ги вредуваме според рачната изработка, везените килими веројатно ќе бидат едни од најскапите парчиња некогаш направени.

Ова непроценливо богатство веќе не е актуелно при уредувањето на домот, како што тоа било некогаш, но имајќи предвид дека креативноста нема граници, постојат луѓе кои едноставно умеат да внесат нов живот во предметите.

Токму таков е случајот и со младата Силвија од Романија, која била фасцинирана од килимите кои ги поседувала нејзината прабаба.

За да не пропаднат, одлучила овие традиционални парчиња, некои од нив биле дел од чеиз, да ги претвори во модни и така да ги доближи до новите генерации.

-Направивме капсулна колекција со која го славиме наследството и со која сакаме да ја прикажеме убавината на уметноста и занаетчиството во Романија. Потрошивме неколку месеци барајќи низ Интернет просторот автентични килими, односно прекривки направени децении претходно. Традицијата во Источна Европа е неверојатна и заслужува да се слави - вели Силвија за сајтот „Борд Панда“.

Резултатот се креации со традиционални шари и вез. Погледнете ги новите креации:

извор: chotronette.com;

Објавено:
5 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
541 пати