Почина Принц Филип, Војводата од Единбург

9 април 2021

Принц Филип, Војводата од Единбург и сопруг на Кралицата Елизабета II, почина на 99 годишна возраст. Бакингемската палата ја потврди веста за смртта на принцот, кој беше во брак со Кралицата повеќе од 70 години. 

,,Со големо жалење, Нејзиното Височество Кралицата Елизабета ја соопштува веста за смртта на својот сакан сопруг, Неговото Височество Принцот Филип, Војводата од Единбург," - стои во официјалното соопштение од Палатата. 

Принцот беше болен неколку месеци пред да почине, а беше примен во болница во февруари годинава. 

Принцот Филип беше роден во Грција, но неговите родители, принцот Ендру и принцезата Алис пребегаале во Велика Британија кога бил новороденче. 

Се школувал во Франција и Германија, а во 1939 година се приклучил на Британската Кралска Морнарица. 

Пред да се ожени со Кралицата Елизабета се откажал од своите грчки и дански титули и станал британски државјанин.

Принцот се повлече од своите кралски должности во август 2017 година на 96 годишна возраст. 

Принцот и Кралицата заедно имаат 4 деца принц Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард.

Објавено:
9 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
461 пати