Како изгледа Лили Џејмс во улогата на Памела Андерсон?

15 април 2021

Ѕвездата од „Rebecca“ и „Cinderella“, Лили Џејмс ќе ја толкува Памела Андерсон во серијата која Хулу продукцијата ја снима за љубовната врска меѓу Памела Андерсон и Томи Ли. Серијата ќе го носи името „Pam & Tommy“.

По улиците на Лос Анџелес, Џејмс беше забележана без своите чоколадни кадрици. Лили Џејмс е сега русокоса, токму во стилот на ѕвездата од Baywatch. 

Покрај Џејмс во серијата ќе се појави и актерот Себастијан Стен. Серијата ќе ја раскаже нивната љубовна, турбулентна и јавна приказна, вклучувајќи го и скандалот со секс снимката од медениот месец. 

Објавено:
15 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
381 пати