Неопходни витамини за жените на 50+ години

12 мај 2021

Витамините се важен дел од функционирањето на организмот, особено како што минуваат годините. Иако досега одлично се снаоѓавте во сите улоги кои општеството ги налага (мајка, сопруга, вработена, жена), по 50-та година од животот, убаво е да ги наполните батериите на секојдневна база. Ова се витамините кои ќе ви го сочуваат здравјето и ќе ви дадат енергија за полесно секојдневие. 

Витамин Б12

Кобаламинот или попознат како витамин Б12 игра важна улога во синтеза на бели и црвени крвни зрнца. Може да се внесуваат преку месо, риба, јајца и млечни производи. Во помлади години многу полесно се апсорбира во организмот, а неговата корист е голема за мозокот и крвта.

Витамин Д

Особено се препорачува задолжително после 40-та година од животот бидејќи помага при апсорбирање на калциумот во организмот и одржување на правилна структура на коските. Воглавно се внесува преку сончевите зраци, а присутен е и во некои риби како лосос, сардина и пастрмка и млечни производи. 

Калиум

Калиумот е задолжен за спречување на кардиоваскуларни болести, особено по 50-та. Не се препорачува секојдневно внесување на истиот, но доволна количина е 4,7 мг дневно во балансирана исхрана. Ќе го најдете во банани, портокали, спанаќ и морков.

Калциум

99% од калциумот ни се наоѓа во коските и забите. Претставува основен градежен материјал за коските, но важен е и за згрутчување на крвта и пренос на нервните импулси. Присутен е во млечните производи.

Магнезиум

Магнезиумот е неопходен за здравјето на коските, но и за регулација на крвниот притисок. Неговиот недостаток може да влијае негативно врз срцето, помнењето и расположението. Најчести симптоми се грчеви, несоница, слабост, замор и главоболка. Магнезиумот се наоѓа во зелен зеленчук, ореви, семки, авокадо и мешунки.

Пробиотици

Доминантна улога во функционирање на цревата играат пробиотиците. Ќе ги најдете во ферментирана храна како ќефир, јогурт, потоа во путер, млеко, сирење. 

Објавено:
12 мај 2021
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
1.269 пати