Новак Ѓоковиќ направи шоу на тренинг на белгиските гимнастичарки
•
23 јули 2021
Започнаа Олимписките игри во Токио, а веќе првиот ден Новак Ѓоковиќ стана Интернет хит.
Имено, на Твитер и останатите социјални мрежи една од најсподелуваните фотографии денес е онаа на белгиската гимнастичарка, Нина Дерваел.
На фотографијата се гледа како Нина вежба пред натпреварот, а покрај неа шпага прави и спрскиот тенисер.
„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, вели таа во описот.
Познат по тоа дека сака да се шегува, со овој интересен и пријателски гест, успеа да ја насмее публиката.