Македонскиот модел Андреј Пајмакоски во кампања за српски бренд

24 август 2021

Македонскиот интернационален модел Андреј Пајмакоски неодамна сликаше кампања во Белград за нов српски бренд „Философи“ (Philosophy).

„Ова секако не е негово прво или ново искуство. Пред да започне светската пандемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата „Two Management'. Неговата кариера и големо портофило му го донесоа голем број ангажмани, вклучувајќи го и последниот. Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера, се чека само на добар пласман“, вели неговиот матичен агент, Алек Наумовски од „Моделс Ин Менаџмент“.

Инаку, за интернационалниот пласман е задолжена реномираната српска модна агенција „Демонс Модел Менаџмент“ која работи и соработува со најдобрите светски агенции.

„Андреј е предодреден за голема кариера тоа се препозна уште на самиот старт, само да се поклопат коцките и неговиот успех е неизбежен“ додава Алек.

Во продолжение погледнете уште некои од фотографиите од неговиот последен ангажман. 

 

Објавено:
24 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
377 пати