Брендовите сосема подготвени ја дочекуваат есента и ни нудат различни идеи како и ние да го сториме тоа.
Во тој контекст, Икеа неодамна ја претстави новата колекција насловена „НÖSTKVÄLL“ или од шведски „есенска вечер“. А ако судиме по нивните дизајни, есенските вечери ќе бидат топли и колоритни.
Така, во фокус се ставени семејните дружења, чувството на блискост и благодарност што сме тука и заедно. Новите парчиња вклучуваат садови, декоративни елементи, мирисни свеќи...
Покрај кафените и портокалови тонови, тука се и предметите со принт во други бои и очекувани есенски мотиви, но малку модернизирани.
Трендот на суво цвеќе како декорација во домот продолжува и оваа есен, а тоа го потврдува и оваа колекција, што мора да признаеме изгледа баш фино.
Погледнете и сами:
фото: ikea.com;