Get the Look by ELENA LUKA: Цветен макси фустан е секогаш добра идеја

4 октомври 2021

Романтична есен со ЕЛЕНА ЛУКА.

Едно од омилените парчиња од есенската колекција на ЕЛЕНА ЛУКА е токму овој фустан со карнери. Ние го обожаваме поради свежите бои и уникатниот принт кој зад кој се потпишува токму модната куќа, а кој е создаден специјално за актуелната колекција.

Ракавите се транспарентни и со дискретни набори и одлично се вклопуваат во концептот за романтична есен.

Лесно можете да го вклопите во секојдневието. Со високи чизми и кратка јакна ќе биде супер street style комбинација во која ќе оставите впечаток.

Од друга страна, одлично ќе изгледа и со елегантни чевли и дискретен накит. 

Ако ви се допаѓа моделот, но преферирате еднобојни парчиња - од ЕЛЕНА ЛУКА мислат и на вас! Фустанот е достапен и во розова и безвременската црна и поеднакво добро изгледа.

А ако сакате уште поинтензивен изглед, тогаш можете да ја изберете оваа креација со принт во тиркиз и црна варијанта.

Уште една предност на фустанот е што поради трендовскиот дизајн и изборот на бои, не е само добар избор за есен, туку ќе биде и едно од омилените парчиња и за наредната пролетна сезона.

Затоа, кликнете на онлајн продавницата - elenaluka.com, одберете го најсоодветниот модел за вас и зачекорете во есента уникатни и бидете забележани.

За дополнителен впечаток, фустанот можете да го искомбинирате со некоја од ЕЛЕНА ЛУКА чантите од последната колекција, чија внатрешност е обложена токму со споменатиот принт, како и омилениот модел кожени обувки.

Повеќе информации можете да добиете во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Капиштец, како и на профилите на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Објавено:
4 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
840 пати