Со драматична шминка и потпетици: Хелен Мирен повторно на писта за „Лореал“

6 октомври 2021

Со модното шоу на „Лореал“ вчера заврши модната недела во Париз. Споменатиот бренд одлучи да не ја менува формулата која се покажа како мошне успешна, па и овој пат повика неколку познати жени, нивни амбасадори и да го направат настанот уште погламурозен.

Шоуто го предводеше секогаш одличната Хелен Мирен, а ѝ се придружија и Амбер Херд, Камила Кабелјо, но и моделите Кија аКебеде и Исабели Фонтана.

Во одлична атмосфера, веднаш под Ајфеловата кула, Лореал всушност одбележа 50 години од слоганот „Затоа што вреди“.  Слоганот е направен со цел да се охрабрат жените и да се претстави кампањата на брендот против уличното вознемирување на жените, а воедно да се образуваат и охрабрат жените да зборуваат за и против овие проблеми.   

Инаку, моделите и познатите личности шетаа на пистата со слоганот „Феминистки и феминисти“, а од брендот посочија дека сакаат оваа ревија да биде револуционерна.

 

Во тој контекст и Хелен го сподели своето искуство: „Кога пристигнав во Лондон, имав околу 17-18 години. Два пати неделно, би рекла, имаше по некое момче кое ќе ме нападнеше или ќе ме посрамеше, без разлика дали сум во метро или чекорам по улица. Кога наполнив 25 години, тоа престана да се случува, а целата ситуација немаше врска со привлечноста, туку со демонстрирањето моќ, застрашувањето и виктимизацијата“, порачува Мирен.

Објавено:
6 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
587 пати