Ријана со нови фотографии во стилот на митолошкото чудовиште Медуза
•
26 октомври 2013
Британскиот магазин GQ слави 25 години од своето постоење и токму по тој повод реши да направи екслузивна фотосесија со Ријана. Пејачката за овој ангажман позираше топлес со змии пред објективот на Демијан Хирст. Идејата за оваа фотосесија е поврзана со грчката митологија, односно со чудовиштето Медуза, но во сосема посексипилна и поатрактивна верзија.