Улична мода во бојата на годината

14 декември 2021

Откако институтот Пантон ја означи Very Peri како боја на годината, модниот свет веќе размислува во сино-виолетови нијанси.

Како што велат од институтот, оваа сина вибрантна боја со виолетово-црвен подтон има за цел да ја мотивира нашата љубопитност и креативност и да нѐ поттикне да ги прифатиме новите можности што ни ги нуди светот по долгиот период на интензивна изолација.

Токму со таков ведар дух е и визијата за уличната мода во претстојната година.

После глобална пандемија и долг период на изолација, природно е да посакаме да уживаме во слободата на улиците, во свежи и оптимистички бои.

Секако дека и дизајнерите и модните куќи веќе го имаат тоа предвид, па нивната визија наскоро ќе ја видиме и на модните улици.

А до тогаш, направивме обиколка низ улиците на модните метрополи и побаравме како Very Peri веќе досега била имплементирана.

Фото: Пинтерест

Објавено:
14 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.456 пати