Добро утро. Веруваме му се израдувавте на снегот утринава, а во склад со времето и атмосферата надвор, најдовме предлог-комбинација за инспирација.

Комбинацијата е составена од бел спортски комплет, но ако немате нешто слично, можете да го замените со плетен или џинс и џемпер. На тоа додадете крзнен капут, односно јакна. Во конкретниов случај е во беж нијанса, како што се и чизмите.

Капа, чанта за преку рамо и шал доколку сте позимурливи и подготвени сте да го уживате денот.

Ви посакуваме убав петок.

Објавено:
21 јануари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
502 пати