Магазинот „Ел“ објави текст кој го вклучува и неделното мени на Моника Белучи.
Убавата Италијанка признава дека не е претеран обожавател на вежбањето, па затоа се труди да има макар балансирана исхрана. Токму нејзиниот седумдневен план на исхрана следи во продолжение, а како вели, благодарение на ова неделно мени, го чисти телото од токсини и го забрзува метаболизмот, со што успева да ја одржува идеалната тежина.
Исхраната на Моника Белучи содржи доволно количество овошје и зеленчук. Користи мед и нема често потреба за дополнителни благи работи, а сите јадења кои ќе ги прочитате се приготвуваат лесно, па оваа диета е одлична за сите кои немаат премногу слободно време, а сепак сакаат здраво да се хранат.
Ден 1
Појадок: 150мл природен јогурт со парчиња јаболка
Ручек: 200 гр варено јунешко, 200 гр салата со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб
Вечера: чинија свежи јагоди (или друго сезонско овошје), 150 гр орис со една лажица маслиново масло и 50 гр нарендано сирење, 150 гр салата
Ден 2
Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и лажица овошен џем или овошје
Ручек: омлет со 3 јајаца, 2 мали варени тиквички, парче интегрален леб
Вечера: 150 гр варено немасно месо, салата
Ден 3
Појадок: шолја зелен чај (со лимон), тост со месо, цитрон
Ручек: 200 гр варен или печен компир со магнодос и миродија, 100 гр немасно сирење
Вечера: 170 гр шпагети со маслиново масло
Ден 4
Појадок: немасен јогурт со 2 лажички мед, 40 гр сирење
Ручек: 100 гр ориз, 100 гр варени тиквички, 100 гр варено јунешко месо
Вечера: чинија со било кое овошје, 200 гр варена немасна риба со маслиново масло, парче леб, овошје
Ден 5
Појадок: чаша свежо цеден сок, два солени крекери
Ручек: 100 гр шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал или цитрон
Вечера: 250 гр салата од зеленчук, со малку грав, овошје
За викенд повторете било кој од претходните денови од менито.