Што мислите, кој е актерот до Џулија Робертс?

7 февруари 2022

Неодамна на „Јутјуб“ е објавен новиот тизер за кратката серија „Gaslit“, заедно со неколку нови фотографии.  Џулија Робертс е во главната улога, заедно со уште едно големо актерско име.

На фотографиите е непрепознатлив, па пред да го прочитаат текстот, многумина и не можат да погодат за кого се работи.

Тоа е Шон Пен, кој за потребите на улогата има сосема нов изглед, како и Џулија Робертс, која досега не сме ја гледале во вакво издание.

„Се работи за серија која ја обработува приказната за „Вотергејт“, приказна која досега публиката немала можност да ја слушне. Во центарот на серијата е Марта Мичел (Робертс) која е првата личност која го открива целиот скандал и наскоро станува предмет на злобна кампања и клеветење од Белата куќа, која делумно ја спроведува и нејзиниот сопруг Џон. Тој пак е административен адвокат кој е вовлечен во заташкување и бутнат во центарот на вниманието заедно со својата сопруга Мо. Целта на овој проект е да ја прикажеме хуманата страна на оваа приказна што ја прави далеку побогата од стандардните машки политички драми од тој период - вели Роби Пикеринг, извршниот продуцент на серијата.

За потсетување, Марта Мичел е сопруга на Џон Мичел, државен обвинител за време на мандатот на Ричард Никсон. Аферата „Вотергејт“  е еден од најголемите скандали во политиката на 20 век, кој доведе и до оставка на претседателот на САД, а тимот на серијата вели дека ќе фрлат сосема ново светло на овој настан.

Францускиот „Вог“ смета дека оваа улога на Робертс е „најинтересна од сите улоги во нејзината богата кариера“.  Марта била препознатлива по раскошните фустани и очилата за сонце, па може да очекуваме интересна серија и од моден аспект.

Инаку, продукцијата на серијата во јули годинава беше во фокусот на јавноста, бидејќи Шон Пен одбил да снима додека целата екипа не се вакцинира. После преговорите, актерот се вратил на сет во септември. Интересно е што Пен (61) е речиси на иста возраст како и Џон Мичел кога работел за Никсон. За да личи што повеќе на него, актерот поминува часови на столчето за шминка, со што неговиот лик е речиси комплетно трансформиран.

Премиерата на овој политички трилер е најавена за 24 април, а еве ја првата најава:

 

 фото:  Instagram.com;

Објавено:
7 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.787 пати