Kaкви модни тајни кријат стајлинзите во And Just Like That...?

8 февруари 2022

Специјалните епизоди кои се на некој начин продолжение на „Сексот и градот“ разбудија различни коментари.

Сепак, она што остана доследно на култната серија од 90-тите се модните приказни. Стајлинзите предизвикаа воглавно позитивни коментари, а костимографката Моли Роџерс откри дел од модните тајни за тоа зошто одредени стајлинзи биле пласирани и како.

 

Версаче фустан како јорган

Се сеќвате на сцената кога Кери се враќа од “comedy club“ и нема прекривка во својот стан, па се покрива со својата стара облека? Е наместо тој куп облека, требало да биде Версаче фустанот од фотографијата. Но, бидејќи сцената се снимала во период на летни одмори, тимот не можел да најде никој од модната куќа кој би им ја оставил креацијата, па приказната со фустанот е сменета.

 

Стајлинг за лажење

Овој стајлинг беше еден од најкоментираните пред да биде премиерно прикажана серијата, а во серијата всушност и не постои. Оваа сцена е лажна, а со цел да се сврти вниманието од сетот кога се снимал погребот на Ѕверката, така што овој стајлинг билл само мамка за медиумите.

 

Здолниште со тул

Ова е еден од стајлинзите кои можеби најмногу потсетуваат на Кери Бредшо. Волуменозно здолниште од тул + комотен џемпер и секако високи потпетици. Но, вусшност, здолништето воопшто не е така воздушесто и волуменозно во оригиналната верзија - под него има кринолина сокриена пдо неговите слоеви и така е добиен саканиот изглед.

 

Фустан од 24 долари

„Ова е еден од моите омилени фустани, кој на Сара Џесика Паркер изгледа уште поубаво. Се работи за винтиџ фустан од сатен, кој јас и Дени Сантијаго го пронајдовме во еден магацин со облека и чинеше само 34 долари“, вели костимографката.

Првичната замисла била Кери да го носи само фустанот, но бидејќи надвор било многу студено, таа го земала и широкиот блејзер во кафена нијаса и токму во оваа комбинација ќе го сретне Ејден. „Фенди“ чантата е изработена специјално за актерката за оваа пригода.

 

1 фустан х 6 

Сцената во која Кери оди на прв состанок и толку се опива што на крај повраќа (реалистично претставена) е една од оние што барале од костимографката да има и резервен план. Така, таа одлучила да пронајде дури шест исти стајлинзи (фустан + чевли + палто + чанта). Фустанот од Норма Камали бил направен во шест примерока. Но, Сара одлично ја извела сцената со повраќањето и не го извалкала оригиналниот фустан, па останатите пет и немало потреба да се користат.

 

Стајлинг за погреб

„Ова е мошне стар фустан кој Дени Сантијаго го чуваше во својот магацин во Мајами. Лили Рубин е бренд кој е дел од оваа креација, а која ги има сите елементи на Кери-стилот. Со кринолината под неа, придонесе за повпечатлив изглед за вака тажен момент“, објаснува костимографката. А шапката имала за цел да му даде помека нота на овој класичен стајлинг.

 

Фустан од Флорида

Омбре фустанот за дневно кафе со пријателката е пронајден на Флорида. Костимографката го здогледала во една од продавничките на брегот на Палм Бич, додека престојувала таму на летен одмор и го купила. Остатокот од комбинацијата е на Сара Џесика Паркер. Таа одлучила дека ќе го искомбинира со голем сламен шешир и „Миу Миу“ чевли од нејзината приватна колекција обувки.

 

Омилената комбинација на  костимографката

Тиркизната кошула и смарагдно зеленото здолниште е една од омилените комбинации на костимографката. Кошулата е винтиџ парче на „Ив Сен Лоран“, со што сакала да му оддаде почит на дизајнерот.

„Едноставен, драматичен, но и мошне храбар стајлинг кој ја претставува возрасната и зрела Кери“, објаснува Моли.

 

Додаден шлиц за макс ефект

Во првиот момент кога Кери сфаќа дека може да им се врати на високите потпетици (после операцијата на колк), одлучува да прослави со диско стајлинг. А во тој случај светки и сјај никогаш доста.

„Мисони ни го испратија овој фантастичен долг фустан, на кој ние му направивме висок шлиц од едната страна - и тоа фрли сосема ново светло на креацијата во која таа треба да танцува цела вечер. Тој стајлинг наиде на огромни реакции онлајн и секаде. Луѓето се возбудија, не знаеја каде ќе оди, но беше евидентно дека е подготвена за луда ноќ во центарот на градот!“, раскажува костимографката.

 

 

 

Објавено:
8 февруари 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.437 пати