Каква мода нѐ очекува во новото продолжение на „And Just Like That…“

16 јуни 2023

На 22. јуни на медиумската платформа HBO започнува да се емитува второто продолжение на „„And Just Like That..." со три од четирите хероини на „Sex and the City", во главните улоги...

Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) се враќаат постилски од кога и да е!

Ако првата сезона ја подели публиката и нејзините впечатоци околу содржината, факт е дека нивото на модата од „Sex and the city" не само што е задржано, туку и усовршено. И кога е во прашање стилот на хероините, сите сме на иста страна.

Како и во култната „Sex and the city", и во оваа серија модата игра огромна улога, па вниманието кое го добива е сосема очекувано.

Костимографите на серијата, Моли Роџерс и Дени Сантијаго, откриваат дека во продолжението Кери Бредшо често ќе реинтерпретира изгледи што претходно ги носела, испраќајќи еколошка порака за одржлива мода и колку заложбите за истата се значајни во ова време.

Претходната сезона ја гледавме во препознатливите Маноло Бланик чевли и Fendi Baguette чанти, а какви стилски деликатиси ќе ни подготват во новата сезона, може веќе да насетиме од фотографиите во продолжение.

Фото: Instagram (And Just Like That)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by maxpop (@onmaxpop)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@streamonmax)

Објавено:
16 јуни 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.147 пати