Зое Кравиц во „Бетмен“ фустан за „Бетмен“ премиера

24 февруари 2022

Во Лондон се одржа премиерата на новото остварување на „Бетмен“ во кое главните улоги ги имаат Роберт Патинсон и Зое Кравиц, која ја глуми Жената мачка.

Таа на црвениот килим се појави во црн фустан со потпис на „Сен Лоран“, кој совршено се вклопи во темата на остварувањето. Имено, фустанот има рабови на околувратникот и исечоци во долниот дел кај градите, кои формираат облик на лилјак, како совршена асоцијација на приказната за Човекот Лилјак, односно Бетмен.

Шминката и фризурата се минималистички, со што фокусот е сосема на фустанот.

Патинсон се појави во сиво одело и црна ролка.

Објавено:
24 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
689 пати