Ријана успева и од трудничкиот стил да направи драма

12 март 2022

Ријана досега многупати била прогласувана за Икона на стилот и исто толку пати го потврдила тој статус.

Но, трудничкиот стил со кој големата ѕвезда прави модни експерименти, го подели мислењето на јавноста.

Откако со неколку симпатични фотографии, заедно со нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки, Ријана откри дека е бремена, редовно се појавува во јавноста во ексцентрични аутфити.

Дел од јавноста е со став дека таа секогаш била уникатна и ексцентрична во своето модно изразување и дека не отстапува од својот имиџ и кога веќе е во блажена состојба. Спротивното видување е пак, дека поп ѕвездата претерува со голотијата и дека тоа што прикажува е невкус, на погрешен начин интерпретирајќи го трудничкиот стил.

Овие коментари особено се однесуваа на нејзиното појавување на ревијата на Диор, на Модната недела во Париз, кога беше повеќе соблечена отколку облечена.

По тој повод, Ријана за Entertainment Tonight изјави: Бременоста трае само 9 месеци. Треба да уживате во тоа.

Очигледно дека Ријана знае да направи драма дури и од нејзиниот труднички стил, толкувајќи го тоа како забава.

Шоу бизнисот и норми, сепак не се најскладната комбинација.

 

Објавено:
12 март 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
432 пати