Оперската певица Наде Талевска ја интонираше држaвната химна во креација на ЕЛЕНА ЛУКА за која сите зборуваат

25 март 2022

Во просториите на Македонската филхармонија денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски, беа доделени Ордени на заслуги и Повелба на Република Македонија.

Настанот започна со интонирање на македонската химна, во изведба на оперската певица Наде Талевска.

Свечениот момент беше проследен со соодветна модна креација зад која се потпишува домашниот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА

Фустан во црвена национална боја беше полн погодок. Со ракави и долго здолниште во А-крој, сосема ги исполни правилата за сценско појавување на официјален државен настан. Здолништето е збогатено со плисиран елемент во иста нијанса. Дизајнерскиот предизвик и умешност се огледуваат во ременот од кадифе и тока во која се обединети повеќе симболики - крак од сонце, крилја и гранки со цвет. 

„Со исклучително задоволство го прифатив предизвикот да создадам креација за настан од исклучителна важност. Во овој фустан е проткаена љубовта кон државата, но и уметноста, рачната изработка, специфичниот дизајнерски потпис по кој се разликуваме, кој содржи многу симболика. Горда сум што на овој начин можевме да придонесеме за настанот и за изгледот на Наде која ја отпеа националната химна, а која е наш долгогодишен соработник и со која сме веќе тим кој одлично се разбира. Мојата идеја и креација таа одлично ги претстави на сцената“, изјави сопственичката и генерален менаџер на модната куќа, Елена Пандева, која се потпишува зад креацијата.

Својата возбуда не можеше да ја сокрие ниту Талевска.

-За првпат имав можност солистички да ја отпеам химната пред Претседателот на држвата и целиот дипломатски кор, така што возбудата беше огромна, изведбата доби уште повеќе на тежина. За оваа прилика ЕЛЕНА ЛУКА создаде специјален фустан. Како и секогаш и овој пат им ја дадов довербата. Забележав дека со Елена имаме слични идеи како да биде дефиниран мојот изглед за одреден настан, па така и овој пат кога ми ја даде идејата за овој модел, боја и севкупниот изглед, многу ми се допадна. Многу лесно течеше соработката. Со само една проба, се потврди дека направила вистинска работа, а резултатот го видовме денеска на сцена - ни изјави оперската дива после настапот.

После изведбата на химната, Претседателот Пендаровски ги одликуваше Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги, додека признанието Повелба на Република Македонија го добија Факултетот за Драмски уметности, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Националната установа Турски театар.

Инаку, настапот на Талевска и како изгледаше на сцената можете да го погледнете во видеото од 02.40.

 

Објавено:
25 март 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.519 пати