Есенска нега на кожата

31 октомври 2013

fall-in-love-with-autumn-skin-care

Со првите студени денови почнете повеќе внимание да посветувате на тенот. За почеток, задолжително направете пилинг кој кожата ќе ја подготви за „борба“ со ниските температури и сувиот воздух во затворените простории.

Ако кожата во текот на летото ја сушат високите температури, сончевите зраци, солената морска вода... многу повеќе предизвик и нега е потребно во текот на есента и зимата.

ПИЛИНГ

Она што прво треба да се направи е пилингот. Тоа е прв и основен чекор пред хидратација. Со стручен пилинг се отклонуваат сите нечистотии и оштетени ќелии, се поттикнува регенерацијата и кожата во здрава состојба ја дочекува зимата. Пилингот не ја истенчува кожата, туку ја јакне.

ХИДРАТАЦИЈА

Кремите што ги користите во летниот период, не се соодветни за есенска нега. Можат да ја исушат кожата, да предизвикаат лупење поради недостаток на хидратација. Затоа е потребно да набавите креми со побогат состав. Важно е кремата да биде дополнително збогатена со витамини, масни киселини. Одличен избор се густи креми кои спречуваат исушување на кожата.

31190_shutterstock_108344735_iff

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Иако есенското сонце се чини слабо, не заборавете дека во овие месеци добро е да користите креми и пудри со заштитен фактор, којо ќе го спречи негативното влијание на УВА и УВБ зраците. За средна до темна боја на тен ќе биде доволен приизвод со заштитен фактор од 6-10. Оние пак со изразито блед тен, треба да користат фактор 20.

ХИДРАТАЦИЈА ОД ВНАТРЕ

Кога ќе почнат студените денови, пијте што повеќе течности. Најдобро е изборот да биде вода, а може и чај. Иако изборот е тесен, јадете многу свежо овошје и зеленчук. Кожата во есенските денови се соочува со силни надворешни фактори, а дополнително е и во затворени простории каде воздухот е сув, се користи клима, и затоа кожата бара дополнителна хидратација.

МИЕЊЕ БЕЗ САПУН

Во текот на студените денови избегнувајте го миењето со обичните сапуни. Бирајте средства како „сапун без сапун“, течни сапуни кои не содржат хемиски елементи и детерџент. Ова е мошне важно за да се зачува постигнатата хидратација.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Убавина