Добро утро. Петок е, причина повеќе за добро расположение. Нашиот денешен предлог за инспирација е пролетна комбинација во светли бои.

Широки панталони во портокалова нијанса се во комбинација со бела маица (може да биде и кошула) и бел блејзер со нагласени раменици и ѕвонести ракави.

Ако немате блејзер, послужете се со кожена јакна во светла нијанса или мантилче.

Изборот на обувки се бели патики, но можете да одберете и балетанки или чевли на потпетица. Комбинацијата е заокружена со чанта и марама во нијасите на целата комбинација.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
8 април 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
844 пати