Бела кошула во 15 шик свечени комбинации

11 април 2022

Ума Турман и Зендаја на годинешниов црвен килим на Оскарите, се појавија во комбинации што вклучуваа бели кошули, ексклузивни примери како ова култно парче може да се носи и на најелитното случување во шоу бизнисот.

Белата кошула може да се трансформира во толку различни стилски варијации, што воопшто не е спорно дека исто толку добро и впечатливо може да изгледа во свечен аутфит, колку и во деловен стајлинг. 

Можеби најдиректен пример од модните писти е естетиката на Каролина Ерера, која често практикува белата кошула да ја вметне во луксузен изглед.

Со оглед на тоа дека веќе сме во сезона на свечености, направивме селекција на 15 шик и елегантни цвечени изгледи, кај кои токму белата кошула е заедничкиот моден пресек.

Ќе забележите дека голема улога за складниот изгле има моделот на самата копшула, материјалот од кој е изработена, а секако и малите финеси кои ја прават големата разлика.

Инспирирајте се.

Објавено:
11 април 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.563 пати