Ќерката на Ума Турман и Итан Хок го освои вниманието на црвениот килим во Венеција

9 септември 2020

Маја Турман, 22-годишната ќерка на холивудските ѕвезди Ума Турман и Итан Хок, се појави на црвениот килим на 77-то издание на Венецискиот филмски фестивал, освојувајќи го и вниманието и симпатиите на публиката и стручната јавност.

Неодоливо потсетувајќи на нејзината мајка, младата холивудска надеж изгледаше гламурозно во светкав фустан во „сирена" крој, а ја одбра препознатливата „боб" фризура која инаку е карактерстична за нејзиниот имиџ.

Професионално таа реши да ги следи стапките на своите родители и важи за голема надеж на филмската индустрија.

 

Објавено:
9 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.044 пати