Пејачката Бритни Спирс преку својот Инстаграм профил соопшти дека е бремена по третпат.
Таа во објавата објасни како ги дознала убавите вести.
„Изгубив многу тежина за патувањето на Мауи и повторни си ја вратив. Си помислив: „Што ли ми се случи со стомакот?“ Сопругот ми рече: „Бремена си со храна, будалче“. Па, направив тест за бременост... и ...ќе имам бебе" – напиша 40-годишната Спирс.
View this post on Instagram
Пејачката додаде дека сега поретко ќе излегува, со цел да ги избегне папараците кои кога претходно била бремена биле немилосрдни кон неа. Во тој период, страдаше и од депресија.
„Тешко е затоа што кога бев бремена, страдав од предпородилна депресија и морам да кажам дека беше ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа. Некои луѓе сметаа дека е опасно ако жена се жали на таков начин додека има бебе во неа, но сега жените зборуваат за тоа секој ден. Фала му на Бога што не мора да ја чуваме таа болка во тајност. Овој пат ќе практикувам јога секој ден. Испраќам радост и љубов" – објаснува Бритни.
View this post on Instagram
Инаку, ова ќе биде прво бебе на пејачката и нејзиниот вереник Сем Асгари (28). Таа во видеото го нарекува „мојот сопруг“, па многумина се посомневаа дека двојката во меѓувреме и стапила во брак.