Добро утро. Иако е април, зимата како да не сака да си замине, затоа топлите парчиња се се' уште задолжителен дел од гардероберот.

Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од панталони со широки ногавици и кожена кошула.

Панталоните се во интензивна сина нијанса и со висок струк, додека пак, кошулата е во маслинеста нијанса. Под неа можете да облечете маица, или пак на оваа комбинација да додадете кратка јакна.

Мала чанта, интересен ремен и ние би додале и чадор, бидејќи прогнозата вели дека денеска ќе имаме дожд - и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
20 април 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
362 пати